Ограбена црква во Скопје

Во црквата „Св.Ѓорѓија“ во Скопје, поточно во црквичето „Св.Никита“ кое се наоѓа во склоп на црквата, во периодот од 17.30 часот на 25.03.2017 до 07.00 часот на 26.03.2017 година, непознат сторител извршил тешка кражба-соопштија од МВР.

Сторителот насилно ја отворил помошната просторија, влегол внатре, го искршил катанецот од дрвеното сандаче за пари и одзел околу 5.000 денари, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.