Ограбена аптека во Скопје

Непознат маскиран сторител синоќа во 19:15 часот извршил разбојништво во аптека на ул.„Народен Фронт“ во Скопје.

МВР информира дека сторителот со закана со нож од вработените го одзел дневниот промет, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.