Одредете си го буџетот, има за сечиј џеб: Продавачки на љубов на секој чекор во Скопје

Ланецот на проституцијата одлично функционира по луксузните клубови и хотели низ Скопје.Според неофицијалните информации најверојатно во Скопје има околу 600 лица кои се бават со продавање на своето тело. 

Меѓутоа, според црните неофицијални информации нивниот број е најмалце три до четири пати поголем од официјалниот број. Најмладата евидентирана проститутка има 14, а најстарата полни 64 години.

Eскорт проституција - магнет за странците

За странците, нашиот главен град е Мека и Медина кога станува збор за девојки за забава. Штом дојдат странци, бараат да им се обезбеди убавица со која ќе си поминат убаво. Но не само дојденците, туку и момците од земјава кои можат да си го дозволат ова „слатко задоволство“. Мета се мажи што се добро ситуирани, возат добар автомобил, носат скапа брендирана облека…

За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена. Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава. По дефиниција овие дами се многу поскапи отколку оние на улица.

Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап,односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.

– Кога ќе видите некоја од нив во град, дотерана од глава до петици, тешко дека ќе ви текне какво хоби има – велат извори кои инсистираа на анонимност, а знаат како функционира „бизнисот“.

“Територијата за работа е стрикно поделена на реони, а ривалството е големо, дури има и судири на криминалните банди кои се бават со овој вид на организиран криминал. Парите се делат по принцип пола за девојката пола за макрото, но најчесто заработката на девојката подлежи на дополнително оданочување од подведувачот ако тој не е задоволен од нејзината работа”, објаснуваат полициските соговорници.

Според нив, скоро секоја жена која се бави со проституција со време добива синдром на жртва. Тие започнуваат да се осеќаат безвредно, не веруваат на никој и мислат дека не заслужуваат ништо подобро од нивната реалност. Тактиката на макроата е да ги присилат да се чувстуваат безвредни, па и самите жени почнуваат да веруваат во тоа.

Ценовник на услуги:

– Од 13 до 15 евра наплаќаат проститутките кои орален секс пружаат под мостовите или обично во грмушките каде се наоѓаат исфрлен кауч или кревет. Можен е и секс од нога за иста цена (наркозависнички, жени на работ на егзистенција)
– 50 евра секс со проститутки без макроа (ако се договорите може и помалку)
– 70 евра класичен секс со орален во стан на проститутка (воглавно студентка и центри за еротска масажа)
– 100 евра се наплаќа за хотелски услуги единстеано за дружење, а проститутките парите ги делат со рецепционерите и возачите кои ги носат од нивните домови до клиентите и назад.
– 500-700 евра се наплаќа за познати македонски ѕвезди (ТВ водителки, бивши мисици, манекенки, глумици) за едночасовен секс..

Најчести места за проституција
– Кеј на реката Вардар близу спортската сала Кале
– Во паркот на скопското Кале
– Кај спортската сала “Борис Трајковски”
– Кај хотелот “Бристол”
– Позади зградата на Македонската Телевизија

Ставот на популацијата

Во едно он лајн истражување спроведено во Скопје дури 15% од испитаниците одговориле дека тоа е добар начин за пронаоѓање партнер. Сепак, поголем е бројот на испитаници кои сметаат дека ваквиот тип на девојки на крај ќе си останат сами и сигурно со по некоја болест.35% од испитаниците воопште не ја подрржуваат приституцијата, а повеќе од 12% сметаат дека ова е добар начин за заработување пари.

Скопје историски гледано има долга историја со проституција

Старите скопјани раскажуваат дека во Скопје во 1936 год. имало 19 блудилишта (јавни куќи) од кои две третини се наоѓале во центарот на градот. Такви кафеани биле “Босфор”, “Централ”, “Српска круна”, “Загреб”, “Америка”, “Мостар”, “Бачка”, “Железничка казина”, Империјал”, “Маврово”, “Јанче Хан”, “Брзи воз” и други.