Одредени бреднови на цигари во продавниците низ Македонија веќе се продаваат по нова, повисока цена.

Поскапувањето зависи од бренд до бренд, и се движи од 3 до 5 денари.

Продавачите велат дека дистрибутерите им најавиле дека до Нова Година може да се очекува нов бран поскапувања на поголемиот број брендови на цигари.

Ова поскапување доаѓа на повеќе од 6 месеци пред рокот во кој државата ќе ја покачи акцизата на тутунот и тутунските производи.

Од 1 јули акцизата ќе се зголеми за 4 денари по кутија што ќе отвори нова можност за поскапување на цигарите.