Одлична за топлите летни денови: За само 15 минути подгответе ладна салата

Состојки:

300 гр тестенини по избор

3 јајца

200 гр пилешки гради или шунка

3 кисели краставички

100 гр мајонез

200 гр павлака

100 гр фета сирење

100 – 200 гр сирење

(можете да додадете маринирани шампињони или маслинки, пиперка, а ако немате мајонез, ставете павлака, повеќе јајца или шунка)

Подготовка:

Додека ја ставите водата за тестенини и јајцата да се сварат, во еден сад во кој ќе ги соедините сите состојки, ставете мајонез, павлака и фета сирење, ако е солено многу сирењето, тогаш не посолувајте, а ако не е посолете и се измешајте, а сирењето изгмечете го.

Додадете ја шунката и исечканите краставички.

Додадете ги тестенините во зовриената вода.

Излупете ги варените јајца, па изрендајте.

Почекајте да се сварат тестенините, исцедете ги, измијте ги со ладна вода, исцедете и додадете ја претходно подготвената смеса.

Измешајте се заедно.

Можете да додадете магдонос, босилек, копар....зачини по ваш вкус.