Одбележување 155 години од издавањето на Зборникот на Миладиновци

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде одбележан јубилејот „155 години од издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци“.

За значењето и вредноста на Зборникот ќе говори професорот Петар Аврамоски, а извадоци ќе читаат членови на драмското студио „Миладин“.

На одбележувањето на јубилејот, со кој се прославува и патрониот празник на струшкиот Центар за култура, музички настап ќе има правнукот на Димитрија Хр. Миладинов, Христијан Миладинов.

Зборникот на Димитар и Константин Миладинови излегол од печат на 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб. Во него на 538 страници се објавени 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Книгата содржи и обичаи од Струга и Кукуш, народни верувања, преданија..