Од среда учениците во основните училишта во Аеродром ќе добиваат топол оброк

Учениците од основните училишта на територијата на Општина Аеродром од среда, 29 јануари 2020 година, ќе почнат да добиваат топол оброк, соопштија од Општината.

Второто полугодие за учебната 2019/2020 година почна во вторникот, на 21 јануари, но учениците од одделената настава не добија топол оброк поради доцнење на тендерот за избор на понудувач на храна во училиштата во Аеродром. За исхраната на учениците кои се осум часа на училиште мораше да се погрижат родителите. Па така, учениците, освен книги, четири дена носеа појадок, ручек, ужинка во своите ранци.

Тоа значи дека родителите треба да подготоват храна за децата за во понеделник и во вторник, а од среда учениците треба да почнат да се хранат во училиштите. Учениците добиваат појадок, ручек и ужинка.

-Градоначалникот Златко Марин се сретна со директорот одговорен за спроведување на набавката за исхрана на сите училишта, кој го извести дека е избрана фирма за подготовка на топол оброк за учениците, велат од Општината.