Од понеделник почнуваат да важат бесплатните средношколски билети во ЈСП

ЈСП „Скопје“ ги информира сите средношколци, корисници на автобусите, дека во пресрет на учебната 2019/2020 година, односно од понеделник (2 септември) почнуваат да важат бесплатните ученички билети за користење на јавен превоз.

-Учениците од прва година средно, правото на користење бесплатен превоз ќе можат да го остваруваат со времен билет кој ќе го добијат во училиште. Овој билет ќе има важност до 31.10.2019 година, односно се додека не им се изработат и се поделат електронски персонализирани картички „Скопска“, соопштува ЈСП.

На учениците од втора, трета и четврта година, бесплатните билети (персонализирана „Скопска“) автоматски, преку систем ќе им бидат продолжени.

„Во случај на евентуален проблем, учениците треба да појдат во некој од центрите за персонализација на ЈСП Скопје и таму да го регулираат статусот“, дополнуваат од ЈСП.