Од почетокот на епидемијата извршени 1.771 операција

Од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во земјата направени се 1.771 операции на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската Општа болница „8 ми Септември“ и Стара градска болница, клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски“ во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај е направена 1091 операција и тоа најголем дел на Клиниката за Трауматологија 175, на Абдоменална хирургија 216, на Клиниката за Торакална хирургија 89 операции.

Вкупно 203 пациенти биле оперирани на Клиниката за Урологија, на Детска хирургија 90 пациенти, на Клиниката на неврохирургија 95, на Ортопедија 120 пациенти и на Клиниката за пластична хирургија 103 болни. Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување кои во целиот овој период работат со полн капацитет, аплицирале 970 анестезии и направиле преку 1000 прегледи во нивната амбуланта..

„Сите интервенции се извршени по протокол за работа со суспектни пациенти, земени им се брисеви пред и по операцијата и користена е комплетна заштита како за пациентот, така и за медицинскит тим: операторот, анестезиологот и останатиот вклучен персонал“, се наведува во соопштението.

Во Градската Општа Болница „8ми Септември“ во Скопје, направени се вкупно 310 операции на суспектни и позитивни Ковид 19-пациенти.

Во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај направени се вкупно 370 интервенции.

„Сите пациенти кои имале потреба од операција и интервенција во изминатиот период, биле соодветно згрижени и третирани согласно протоколите за работа“, велат од МЗ.

извор: Makfax