ОД ИГЛА ДО СЛОН НА БЕСПЛАТНИТЕ ОГЛАСИ: Канта пазар имате и на социјалната мрежа фејзбук

Возила, делови за автомобили, гајби, шминки, мобилни телефони, облека е само дел од богатиот асортиман што се нуди на фејзбук страницата „купи продај“. Тоа што последно ќе ви падне на ум, веројатно ќе успеете да го најдете на споменатата страница.

Бесплатните огласи се магнет за граѓаните, па секој што ќе најде нешто по дома се охрабрува да го огласи и да го продаде. Широката лепеза на понуди кои можат да се најдат, потсетуваат на познатиот канта- пазар во кој сега се наоѓа во близина на стационарот Вардариште, а таму ќе најдете и игла во сено.

Интересно е тоа што кај овој фејзбук огласник популарноста е толку голема што покрај продажба на телефони, автомобили и слично, тука се издаваат и соби за престој во Охрид, како и локали за рентање низ цела Македонија.Веројатно и туристичките работници ја воочиле “моќта“ на овој огласник.

Граѓаните се задоволни и едногласни дека сега  можеш да најдеш се на едно место, седејќи удобно во фотељата, наместо да излегуваш и да одиш низ пазарите.

-Синот ми направи фејзбук, а таму ми се појави и станицата купи-продај, туку можам да најдам стар алат кој ми е потребен по многу ниска цена, да видам од сликите за каков производ станува збор, па доколку ми се допаѓа да го побарам сопственикот, вели Ристо од населбата Припор.

Сепак, има граѓани кои и покрај понудените онлај огласи, тие не го менуваат канта пазарот.

-Секој вторник и петок го посетувам канта-пазарот, така си го прошам времето, а често наоѓам и работи кои ми се потребни за многу малку пари. Имам пријатели кои ме убедуваат дека на интернет исто така можам да најдам се, но не го менувам пазарот, едно е на слика да видиш, а друго е во живо. Единствено е лошо што ја сменија локацијата, па сега пазарот е кај депонијата Вардариште, а условите таму се катастрофални. Малку дожд да падне и се е со кал, а кога е суво има премногу прашина, вели Никола од скопско Нерези.

Останува да ја следиме состојбата и да видиме дали е возможно бесплатните огласни на фејзбук можат да му наштетат на имиџот на познатиот канта-пазар.