Од дневникот на една скопјанка: Мене ми требаше татко, но тебе ти требаше алкохол

Тато... поради тебе станав личноста која сум денес. Никогаш нема да дознаеш за штетата која ми ја направи.

Каде беше кога ми требаше?Кога паѓав и кога ми требаше тато да ме подигне, тебе те немаше никаде. Секогаш кога ќе добиев удар од животот, мене ми требаше татко.

Само да го оставеше пивото доволно долго за да ми покажеш како треба да изгледа љубовта. Не можеше да останеш трезен доволно долго за да ми покажеш дека вредам повеќе отколку што мислам.

Ми требаше татко кој немаше да ми дозволи да им дозволувам на мажи да ме газат и да ми го кршат срцето.

Јас се давев и ти можеше да бидеш мојот спасувачки брод. Ми требаше, а ти не го ни знаеше тоа. Зарем не ти се кршеше срцето кога гледаше како моето се крши?

Можеше да ми покажеш дека љубовта не треба да биде отровна и дека не треба да боли. Но, едноставно секогаш беше жеден за уште една чашка. Твојот ум беше заматен од алкохолот, ти не можеше да ме видиш ни мене.

А сега, можеш ли да ме видиш тато? Слушам дека сега си трезен. Не знам колку долго ќе трае ова, но среќна сум за тебе. Се надевам за доброто на мајка ми и твоите две мали внучиња дека навистина си се откажал.

Кога твојата внука ќе почне да расте, се надевам дека ќе бидеш тука за неа на начинот на кој никогаш не беше за мене. Се молам дека ќе и покажеш како треба да изгледа љубовта. Да ја научиш дека заслужува добро момче. Да се осигураш дека секогаш ќе знае колку вреди и дека никогаш нема да се чувствува дека е доволно добра.

Секогаш ќе те сакам. Ти беше мојата прва љубв, но и моето прво скршено срце. Ти беше скршеното срце кое беше извор на сета болка во мојот живот.