Од денеска почнува акција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Акцијата за пролетно расчистување отпочна денеска во Општина Кисела Вода.

Педесетина сезонски работници ангажирани од Општината преку Секторот за месна самоуправа, распоредени во повеќе тимови во нaрeдните неколку дена ќе работат во урбаните заедници Цветан Димов и населбата Драчево.

„Се чисти рачно и со помош на камиони. Каде што има потреба се кастрат и исушените гранки од дрвјата. Доколку дозволат временските услови, сметот ќе се чисти од сите месни и урбани заедници и акцијата ќе трае во наредните две до три седмици. Општина Кисела Вода ја користи оваа прилика уште еднаш да апелира за подигнување на свеста на граѓаните во поглед на правилното одложување на сметот и незагрозувањето на животната средина“, соопшти Општината.