Oд денеска конференциите за медиуми онлајн, без новинари, прашања по и-мејл

Заради заштита на медиумските работници, од денеска конференциите за медиуми на Владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари, соопшти Владата.

„Со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции од денеска прес конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата. Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација. 

Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да се испраќаат на и-мејл“, се вели во известувањето на Владата. (извор-мкд.мк)