Од 12 часот протест во Ѓорче Петров за депонијата канцер на општината

Граѓаните на Ѓорче Петров ги повикуваат сите здруженија, граѓански организации и граѓани  денеска да им се приклучат на протестот од 12 часот на влезот на депонијата од страна на Ново Село, ул.„5“, на 100 метри после „Тројка“.Самиот протест ќе се одржи на влезот на депонијата која е најголем загадувач на Ѓорче Петров!

НЕ СЕ ДИШЕ!  Да се расчисти комплетно оваа депонија која е канцер на Ѓорче Петров! Да се забрани пристап до неа и одложување отпад! Да покажеме утре дека не може екологијата и животната средина да се третира како второстепено прашање! Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболиДојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето!, повикуваат ѓорчепетровци.