Обновена тревната површина на Националната арена „Тодор Проески“

Во период на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје изврши генерално реконструирање на тревната површина на Националната aрена „Тодор Проески’’.

Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на троскотот на тревата, пресеан е комплетниот терен со висококвалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога.

„Оваа комплетна реконструкција ќе донесе долгорочен позитивен ефект за формата, издржливоста и квалитетот на тревната површина и ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога треба да се одигра домашното фудбалско првенство, како и останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува“, велат од АДСДП.