Облачноста ќе се зголемува - дожд со голема веројатност

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од нула до 10 степени, а дневната температура од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 15 степени.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.