Облачно со повремен пороен дожд и ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот. Дневната температурата ќе се движи од 20 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 степени.

Утре ветерот се уште повремено ќе се засилува, но ќе почне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утре дневните температури ќе се движат од 23 до 30, во среда од 26 до 32, а четврток од 27 до 35 степени.