Објавен тендер за отстранување на линданот од ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен минатата недела и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк.

Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во изминатиот период ја комплетирала документацијата за објавување повик за меѓународен тендер од страна на Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО), агенцијата одговорна за спроведување на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“, со цел да се избере најдобро решение/технологија за деконтаминација на малата депонија со HCH отпад сместена во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје.