Обид за силување

Четириесет и едногодишна жена пријавила дека синоќа додека спиела во својот дом, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз неа, но не успеало.

Според информациите од МВР, настанот се случил околу 00.50 часот на улицата Киро Фетак во Скопје.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.