Нутела коцки!

Сите сакаат вакви брзи десерти!

Состојки:

250 гр разни снегулки (оризни снегулки)

1 вреќичка  мачмелоу

4 лажици путер

250 гр нутела

100 гр лешници

Глазура

1 лажица путер или масло

250 гр нутела

100 гр млечно чоколадо

Подготовка:

Во сад стопете го путерот а потоа додадете  мачмелоу.

Намалете ја температурата и мешајте додека целото мачмелоу не се стопи.

Потоа додадете ја нутелата и мешајте се заедно додека смесата не се изедначи.

Во оризните снегулки додадете 100 гр ситно сецкани и препржени лешници. Истурете ја смесата со мачмелоу и мешајте со раце. Ќе биде многу тешко но натопете ги рацете со вода за да може да обликувате. Ставете ја смесата во плех и притиснете со прстите.

Глазура:

Стопете лажица путер и додадете ја нутелата. Мешајте смесата да стане ретка а потоа додадете 50 гр млечно чоколадо.

Глазурата прелијте ја преку оризните снегулки.

Ставете во фрижидер додека глазурата не се стегне.

Добар апетит!