Новогодишни претстави за деца на репертоарот на МОБ

Традиционално во пресрет на новата година, на репертоарот на Македонската опера и балет се наоѓаат престави за најмладите. Оваа година ќе се прикаже преставата „Снежана и седумте џуџиња“ на 24 и 25 декември, со почеток во 12 часот. Преставата е една од најизведуваните престави за деца на сцената на МОБ.

Воедно, се подготвува и специјална новогодишна престава за деца„Работилницата на Дедо Мраз“.

Приказната за подароците на Дедо Мраз и разнесување на подароците на децата е во режија на Љубка Јакимовска, а во преставата учествува и детскиот хор на Македонската опера и балет.

„Работилницата на Дедо Мраз“ ќе се одигра во вторник, 20 декември со почеток во 12 часот.