Новогодишни пакетчиња за учениците од општина Кисела Вода

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ „Златан Сремец“ и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”, институции кои се лоцирани на територија на општината. Подарувајќи им пакетчиња на дечињата, тој  им посака здравје и среќа во Новата година.

Од Општина Кисела Вода информираат дека средбата со директорите на овие две институции, е искористена за размена на мислења за потребите што ги имаат учениците и законските можности на локалната самоуправа за да им се излезе во пресрет.

Директорите, во име на учениците ја изразија својата благодарност, а градоначалникот на Општина Кисела Вода својата подготвеност за продолжување на континуираната соработка преку која треба да се надминат проблемите со кои се соочуваат дечињата и да се надминат предрасудите со кои е обременета средината во која живеат.