Ново поскапување: Цигарите Бренд, Малборо, Ориентал и Бонд со нови цени

Цигарите Бонд кои се продаваа по 65 денари, сега имаат нова цена-70 денари, повисока цена имаат и цигарите Бренд, од 65 на 70 денари, Ориентал од 65 на 70 денари, Малборо лајт од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари, Честерфилд, од 75 на 80 денари.

Кај Малборо тач, Малборо кор и Малборо слим за сега нема покачување.

Од пред неколку дена за пет денари поскапеа и „West silver“, ,„West red“, „West white“, „Walter Wolf“, „Ronhill Black“ и Gold.

Според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за четири денари.

Поскапувањето на цигарите започна од 1 јуни 2015 та година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче.

Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.

Пресметките покажуваат дека кутија цигари која сега чини 120 денари, по осум години само со зголемувањето на висината на акцизата, ќе чини од 154 денари.

Последното поскапување на цигарите беше во јуни минатата година кога цената се зголеми за 3 денари од кутија.

Дел од парите кои ќе се соберат од акцизата платена за цигарите, според најавеното треба да се се користат за подобрување на здравствената заштита на населението. За пушачите пак тоа ќе биде повисок издаток.