Ново Лисиче на тронот: Синоќа падна првата 1000-ка во Скопје

Синоќа Скопје се задуши како никогаш во последните 2 недели, а загадувањето, за жал на граѓаните, достигна рекордни броеви. Измерените вредности на мерните станици отидоа до плафон, а речиси во сите општини присутството на ПМ 10 честички беше огромно.

Очигледн, од сите места од каде скопјани постираа фотографии на социјалните мрежи од измереното загадување, во населбата Ново Лисиче кај поранешната автобуска станица последна петка, загадувањето било најголемо со присутство на неверојатни 1066 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Ако ова не е доволно за надлежните сериозно да се активираат и да преземат ригорозни мерки за справување во оваа ситуација, тогаш не сме сигурни што повеќе треба да се случи...