Ново детско игралиште во дворот на ООУ „Тихомир Милошевски”

Во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров е изградено ново детско игралиште.

Како што информираат локалните власти, ова комбинирано игралиште се простира на површина од 200 квадратни метри и е уредено со реквизити за забава, урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци.

Следното детско игралиште ќе биде поставено на улица ,,Македонска војска” , кај новиот комплекс згради – ДУП Спортски терени.

-Целта е да се создадат подобри услови и безбедни зони каде што најмладите ќе може да го минуваат своето слободно време – констатираат од Општината Ѓорче Петров.