Новите реквизити на игралиштата се на атак од повозрасните лица (фото)

Општина Карпош на својата територија има 70 игралишта за деца. Општина Карпош од својот буџет (парите на граѓаните) се труди во континуитет да ги обновува реквизитите на детските игралишта со цел нашите најмали жители – децата непречено и безбедно да уживаат во играта.

За жал честопати све сведоци дека и скапите ново поставени реквизити по игралиштата се на атак од повозрасните лица кои или свесно ги уништуваат или неодговорно и немарно се однесуваат кон нив.

Оттаму Ве повикуваме доколку сте сведоци на вакво однесување да ги алармирате инспекциските служби на општината.