Новиот клинички центар со современ хелиодром за транспорт на пациентите (видео)

Потпишан е договор за градба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Договорот го потпишаа Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО системи.

Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.

-Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра. Договорот предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци по почетокот на градбата. Постојниот клинички центар „Мајка Тереза“ е најголемиот здравствен комплекс во Република Македонија на површина од 17 хектари, кој се состои од 32 независни субјекти со вкупен персонал од 3.400 лица, истакна Тодоров.

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе зафаќа простор од 46.987 метри квадратни, а ќе има и хелидром.

-Имајќи го предвид стратешкото значење на клиничниот центар за државата одлучивме да изградиме комплетно нова зграда со нето површина од 46.987 метри квадратни корисен простор и 6.416 метри квадратни проодни тераси и кровни градини и 531 метар квадратен хелидром. Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, 9 ката и современ хелидром за трансфер на пациенти на десеттото ниво, потенцира Тодоров.