Новиот Клинички центар ќе се гради на скопската обиколница, но ќе чини 6 пати повеќе

Новиот клинички центар нема да се гради на просторот кој беше планиран на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, туку на сосема друга локација надвор од градот и од сообраќајните гужви, потврди за НОВА министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој потенцира дека засега нема конкретно решение каде ќе биде изграден Клиничкиот центар, но идејата е тоа да биде некаде околу обиколницата. На местото каде што  претходната власт сакаше да гради Клинички центар, за што земаа кредит од 90 милиони евра ќе биде изграден  Дијагностички центар со  лаборатории .

На најавата од Таравари реагираше опозицицската партија ВМРО ДПМНЕ. Скандалозна само по себа е најавата на Таравари да се прекине еден капитален проект во здравството како што е градењето на клинички центар, изјави во недела на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво и неодговорно е да оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов проект кој ќе чини повеќе од 450 милиони евра и за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години. Таравари ќе биде одговорен за тоа што најмалку десет години нема да има подобри услови за лекување на пациентите и десет години медицинскиот кадар ќе работи во полоши услови“, рече Андоновска.

Таа додаде дека  Таравари и неговиот наредбодател Заев мора да му кажат на народот дека ако го стопираат постоечкиот проект кој чини 70 милиони евра и почнат проект од 450 милиони евра, ќе треба да се задолжат со нови 380 милиони евра, односно да плати 6 и пол пати повеќе, за ефект кој се постигнува во многу пократок рок.

Инаку, проектот кој го промовираше ВМРО ДПМНЕ  предвидува изградба на нов клинички блок, нова зграда на лаборатории, нови простории на 23 клиники, односно очна клиника, клиника за уво нос и грло, клиника за радиологија, ургентен центар, за дерматологија, неврологија, пулмологија, гастро, ендокринологија, ревматологија, завод за слух, говор и глас, клиника за анестезија и интензивно лекување, невро хирургија, трауматологија, психијатрија, токсикологија, ортопедија, неврологија, хематологија, нефрологија, трасфузиологија, микробиологија и нуклеарна медицина. Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на хируршките клиники

nike air max 1 sale