Нови тараби: Машинерија почна да гради објект кај „Браќа Миладиновци“ во Аеродром

Откако во април граѓани реагираа дека се исекоа дрвјата, сега забележаа како покрај улицата „23 Октомври“ во општина Аеродром работници поставија тараби, а теренот се спрема за нова градба. Ова се случува во населбата Острово до основното училиште „Браќа Миладиновци“, кај стара „Славија“. Напомош за градежните активности пристигнаа камион и багер, а поставена е и градежна таблa, jaвува Радиомоф.

Ако се погледне Катастарот, делот од 3.3 со стара „Славија“ се води како парцела број 242/2. Имотниот лист е на Друштво за производстсво, трговија и услуги САФ Комерц Увоз-Извоз Скопје. Тоа го потврдува и градежната табла, каде „САФ Комерц“ е впишан како инвеститор, „Мујо Бајрами“ е изведувач, а проектант – „ГМС-Проект“. Одобрението за градба од Општина Аеродром е издадено минатиот месец.

Инаку, во овој дел долги години имаше чешмичка, патче, зеленило и дрвја.