Нови ковани пари: „Исус Христос“, „Богородица“ и „Св. Никола Чудотворец“

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек комплет ковани пари за колекционерски цели „Триптих“. Комплетот го сочинуваат ковани пари насловени „Исус Христос“, „Богородица“ и „Св. Никола Чудотворец“. Изработени се од сребро и се во форма на правоаголник. 

На аверсот, во централниот дел од монетите е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот има украс по должината на периметарот. На реверсот, во централниот дел од монетите, се прикажни портретите на Исус Христос, Богородица и „Св. Никола Чудотворец“.

Цената на комплетот ковани пари „Триптих“ изнесува 4.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

cheap nike air max 90