Нови 3.000 садници ќе го раззеленат градот

Скопје се подготвува за 3000 нови зимзелени и листопадни садници кои ќе бидат засадени во наредниот период.

- Нашите екипи веќе го подготвуваат теренот за есенско садење, и тоа во повеќе општини во градот, булевари и парковски површини, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.