Нова сообраќајка вечерва во Скопје: Се судрија автомобил и мотоцикл

Според очевидци на инцидентот, станува збор за судар меѓу такси возило и мотор, по што лицето коешто гио управувало мотоциклот со возило на Брзата помош е пренесено во болница. Засега не е познат степенот на повредите на настраданиот, но сведоците велат дека станува збор за жесток судар, пренесува Макфакс

Сообраќајната незгода се случи на булеварот „Февраурски поход“ на раскрсницата кај основното училиште „Лазо Трповски“, на којашто веќе извесно време се реконструира и светлосната сигнализација.