Нова роденденска понуда по повод 10 години ВИП

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.

Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, која го исполнува даденото ветување – “Повеќе за вас”. Во знакот на десеттиот роденден, сите нови и обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат  промотивно 10ГБ супер брз 4Г интернет засекогаш.

“Нашето големо Вип друштво е модерно, динамично и брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овојпат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава“, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.