Нова опција на Инстаграм – еве што ќе можете да видите

Како што беше претходно најавено, Инстаграм започна да ја тестира опцијата која што ќе ги извести корисниците доколку некој направи „Скриншот“ на нивното „Стори“.

Инстаграм со ова позајми уште една карактеристика на “Snapchat”, но оваа на некој начин ќе биде вредна кога станува збор за приватноста на корисниците.

Од социјалната мрежа за “TechChurch” потврдиле дека моментално се тестира системот за предупредување. Сепак, засега не е познато кога оваа функција ќе биде воведена и дали ќе може да ја добијат сите корисници на Инстаграм.

Исто така, корисниците нема да добиваат посебно известување доколку некој го „сликне“ нивното „Стори“, туку во делот каде што се прикажува кој го погледнал „Сторито“, веднаш до името на корисникот, ќе биде прикажан посебен знак кој ќе означува дека е направен „Скриншот“.