Нова наградна игра од Шпаркасе Банка во соработка со Mastercard

Шпаркасе Банка Македонија ја започна новата наградна игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка“.

Наградната игра е наменета за сите нови корисници на кој било од пакетите за физички лица (S, М, L, Премиум) или Пакет за млади со вклучена Mastercard Debit бесконтактна дебитна картичка за физички лица издадена од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, кои аплицирале за еден од пакетите за времетраењето на наградната игра, како и сите корисници на Mastercard платежни картички за физички лица издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Сите нови корисници на S, М, L, Премиум пакет или Пакет за млади со вклучена Mastercard Debit, кои аплицирале за еден од пакетите во наградниот период, добиваат една шанса за учество во наградната игра. Во наградната игра учествуваат и трансакции направени од корисниците на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на продажните места и е-commerce трансакции во земјата и во странство. Една шанса за учество добиваат корисниците на дебитна картичка (Mastercard Debit и Maestro) кои ќе направат поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД во наградниот период, односно двојна шанса за учество доколку трансакциите се направени со кредитна картичка (Mastercard Standard или Mastercard Gold).

Сите физички лица со навршени 18 години што ги исполнуваат условите за учество во наградната игра имаат шанса да освојат една од вредните парични награди:

  • 4 х 30.000 МКД – секој петок
  • 300.000 МКД – во главното извлекување

Официјалните извлекувања на добитниците на наградите ќе се извршат на 29.11.2019, 6.12.2019, 13.12.2019 и 20.12.2019 г. и ќе бидат објавени на веб-страницата www.sparkasse.mk во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите.

За повеќе информации околу наградната игра „Feel good Friday со Mastercard картичките на Шпаркасе Банка“, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/3200-600 или во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.