Нова изведба на оперската претстава „Дон Џовани“ во МОБ

Македонската опера и балет на 18 јануари (среда) ќе го изведе популарното оперско дело „Дон Џовани“ на големиот Волфганг Амадеус Моцарт. Во најновата изведба на делото диригент ќе биде маестро Џанлука Мартиненги од Италија, шеф-диригент во Македонската опера и балет за оваа сезона.

Во претставата превладуваат гости-солисти од Италија, татковината на операта. Во улогите ќе настапат Лука Дел’Амико (Италија) како Дон Џовани, Роберто де Кандиа (Италија) како Лепорело, Александар Стефановски како Комендаторе, Благица Поп-Томова (Дона Ана), Џорџо Труко (Италија) како Дон Отавио, Злата Тошевска / Николина Јаневска (Дона Елвира), Гонца Богоромова (Церлина) и Васко Здравков (Мазето).