Нова цена на горивата во Македонија

Бензините пред две недели поскапеа за половина денар, дизелот за денар. Литар дизел сега чини 59.5 денари по литар.

Цената на суровата нафта на светските берзи ја проби психолошката граница од 70 долари достигнувајќи 70,26 , а тргувањето го затвори на 69,80 долари за еден барел.

За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена кој Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти денеска.