Нова цена на горивата во Македонија

Пред две недели Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе последната одлука за цените на горивата во Македонија.

Според последната одлука, Ммалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 0,09%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се сменија, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената Одлуката од 06.02 и сега дизелот се продава за 52,5 денари по литар.

Наредната корекција е закажана за денеска. Останува да видиме дали Регулаторната Комисија ќе донесе одлука за поскап или поевтин бензин.