Нов сомнителен случај со корона вирусот на Инфективна клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на денешна прес-конференција извести дека ситуацијата со заразената пациентка од коронавирусот е добра, но дека вчера две нови лица се пријавиле на Инфективна клиника.

Филипче извести дека еден од пријавените бил возач кој патувал во Италија, но бил негативен на коронавирусот, додека другиот случај била жена која патувала на прошетка со мажот во Рим, а кај нејзе тестирањето не било завршено.

Кај жената третина од тестот бил завршен и укажувал дека можна позитивност на коронавирусот, но сепак министерот апелираше да се почека додека да не заврши тестирањето.

Министерот нагласи дека е направен контакт со сите кои биле во комбето со жената која патувала од Италија и препишани им се лекарства и ќе им биде назначена изолација, но нту еден од нив нема симптоми на грип. Тој вели дека за среќа никој од нив не учествувал на јавен собир, туку останале во кругот на своите домови.

Во 16 часот ќе има уште еден брифинг со новинарите.