НОВ ПРОЕKТ: Ќе се проценуваат куќите и становите за да се знае колку вредат

Агенцијата за катастар в година ќе изврши масовна процена на сите недвижности во Свети Николе, Зелениково, Гостивар и Kисела Вода како пилот-општини за воспоставување на системот за масовна процена, со кој секоја недвижност во државава ќе добие пазарна вредност, информира Славче Трпевски, директор на Kатастарот.

Податоците што ќе се соберат треба да понудат транспарентна вредност на сите видови недвижности, станбен и деловен простор, земјоделско земјиште, градежно земјиште, инфраструктура што, пак, треба да овозможи поедноставно користење од граѓаните, бизнис-секторот и инвеститорите. За воспоставување на системот за масовна процена Kатастарот формира посебен сектор за процена.

Благ пад на цените на недвижностите пред с` поради зголемената градежна активност, а значително намалената побарувачка на станови, очекува Агенцијата за катастар на недвижностите во наредниот период доколку условите на пазарот останат исти подолг временски период.

Директорот Трпевски, презентирајќи го извештајот на Регистарот на цени и закупи за третиот квартал од минатата година, оцени дека цените на пазарот на недвижности се стабилни со благ пад во некои општини како реакција на презаситеноста на пазарот со новоизградени станови. Моментно на пазарот на недвижности слободни за продажба се 11.000 стана, од кои 2.800 изградени. Бројот на новоградби и станови во тек на градба, односно понудата на станови на пазарот, според Трпески, моментно ја задоволуваат побарувачката на станови и има доволна резерва на новоизградени станови доколку побарувачката се зголеми.

Во третиот квартал, според Регистарот, се регистрирани 646 продажби на новоградби, односно 147 повеќе во однос на вториот квартал кога биле регистрирани 499 продажби.

- Во овој квартал во согласност со податоците од базата на Kатастарот на недвижностите имаме 2.807 новоизградени станови кои се непродадени и се нудат на пазарот со недвижности, а во тек на градба се 8.332 стана на целата територија на Македонија - рече Трпески.      

Според него, цените на становите по општини се стабилни и се во одредено ниво на флуктација од 3.000 денари помеѓу разни квартали, иако има и мал број општини каде што овие разлики се повисоки и има некои надолни трендови на цените.

Надвор од Скопје стабилна цена на станбениот простор има во општина Струмица каде што во третиот квартал е регистрирана просечна цена од 31.320 денари. Во Битола, пак, има намалување од 8.311 денари на просечната цена за квадратен метар, односно ако во третиот квартал во 2015 година изнесувала 31.713 денари, во истиот квартал лани цената била 23.402 денара.

Во првите три квартали од годинава во Регистарот на цени и закупнини се запишани 19.798 трансакции со недвижности, од кои 56 проценти се однесуваат на продажби, 33 проценти на закупи, осум проценти на продажби од инвеститор и проценти на откупи од државата.