Ноќни еко патроли во Карпош

Општина Карпош, за време на викендот организираше ноќни „ еко“ патроли, за превенција од можни палења на отпад и загадување на амбиенталниот воздух на територијата на Општината.

Притоа, беа патролирани најкритичните места во Карпош, каде што искуствено има индиции за намерно палење или самозапалување на секундарен отпад.

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од локалната самоуправа заедно со полицајци од ПС „Карпош“ го контролираа потегот од месната заедница „Злокуќани“, населбата Криви Дол, Момин Поток, новопроектираната улица ( кај автомеханичарските работилници), кај отпадите и се до населеното место Бардовци.

Во тридневните патроли во доцните ноќни часови на критичните места, не беа забележани никакви палења на отпад и други секундарни метерии, кои би биле потенцијални загадувачи на воздухот. Општина Карпош и понатаму постојано ќе ја следи состојбата со воздухот на својата територија.