„Ноќ со ѕвездите“ во МНТ- „дојдете да си кажеме колку се сакаме“

За сите опијанети од љубов „НОЌ СО ЅВЕЗДИТЕ“ во Македонскиот народен театар на 14 февруари во 21 часот.

-Првин виновата лоза ќе ја закрои со вистината Сашко Коцев, затоа што во виното е вистината, а потоа повторно ќе се вљубите во вашите сакани со стиховите на Игор Џамбазов и Гуру Харе – Бенд, и концертот на единствената Тамара Тодевска, велат од МНТ.

Билетите се веќе во продажба, партер и галерии 1200 денари, ложа 2000 денари.