Низок крвен притисок: Препознајте ги симптомите и олеснете си го животот

Високиот крвен притисок, односно хипетертензијата  е еден од најчестите проблеми на денешницата, но исто толку е присутна и хипотензијата, односно нискиот крвен притисок. 

Нискиот крвен притисок не е толку опасен како високиот, но сепак предизвикува големи проблеми во однос на секојдневното функционирање. 

Симптомите често вклучуваат:

  • Слабост

  • Замор

  • Чувство на дупка во главата

  • Вртоглавица

  • Блед тен

  • Силна жед

Освен од постојан низок притисок, ваквите симптоми нагло можат да настанат и од нагло паѓање на притисокот. Многу луѓе тешко го поднесуваат ваквиот притисок. Некои од причините се дехидратација, која доведува до низок крвен притисок,  потоа бременост, хормонални пореметувања, односно проблеми со штитната жлезда, како и срцеви тегоби.

Ако причините за ваквиот притисок се нејасни, односно не постои специфична терапија, за зголемување на вредностите на притисокот, се препорачува често пиење вода, чаеви и природни сокови. Освен тоа, избегнувајте обилни оброци, особено богати со јагленохидрати. Јадете разновидна храна богата со овошје и зеленчук, пецива од интегрално брашно, риба. 

Треба да знаете и дека движењето го поттикнува крвотокот и помага при разбистрување на она чувство на заматеност во главата кое често го чувствуваме кога имаме низок притисок.