Низ градов трујат кучиња со месо наполнето со игли и шрафови (фото)

Пред неколку дена револтирана скопјанка објави фотографија на која се гледаше храна со игли фрлена во нејзниот двор, очигледно е дека некој имал намера да и го отруе кучето.

Исто така граѓани на социјалните мрежи објавија слика од отровно месо поставено кај патеката покрај Вардар во Ново Лисиче. Месото е наполнето со игли и шрафови кои се смртоносни за уличните кучиња, како и за домашните миленици.