Нивната љубов е посилна од секоја тага и депресија

Секое утро по будењето се потсетуваме на сите важни обврски кои треба да ги завршиме, планираме и влетуваме во хаосот со одговорности. Одиме по улиците, ја работиме својата работа, се носиме со животот, а над нашата глава лебдат облаци полни со тешкотии, тага, осаменост и депресија.

Многу истражувања покажуваат дека наместо зближување, технологијата придонесува за одалечување на луѓето и тоа се повеќе и повеќе. Но, исто така, многу истражувања покажуваат и дека најдобриот лек за тагата и депресијата се домашните миленичиња.

Покрај нив, никогаш не сме сами

Дали можеби сте забележале колку се смеете со нив, колку малку размислувате за своите маки и проблеми. Тие ни пружаат чувство на топлина и среќа.

Секогаш успеваат да не насмеат

Секогаш се возбудени кога ќе не видат и обожаваат да се во наше присуство. Нивните неволји и будалаштини се толку смешни, така што не можеме да не уживаме со нив. Ја имаат таа способност постојано да не смеат, а и со тоа да ни помогнат да се справиме со тагата и осаменоста.

Не поттикнуваат на дружење.

Не тераат да излеземе и да ги прошетаме, покрај нив среќаваме многу луѓе и други животни и ја зголемуваме својата самодоверба. Минуваме време во природа, наместо залепени за телефоните и компјутерите и така ни е убаво.

Тие на многу начини ни помагаат да бидеме посреќни и позадоволни. Не радуваат, не смеат и ни ги отргнуваат лошите мисли. Тие се нашиот најдобар лек за среќата.