Ништо нема да научите во животот од оние кои многу зборуваат, а ништо не кажуваат

Ништо нема да научите од оние кои многу зборуваат, а ништо не кажуваат. Тие зборуваат за своите титули и образование и достигнувања. 

Ништо нема да научите од оние кои постојано ви држат лекции како да живеете. Тие се нарекуваат советници, експерти, тренери. Но, нудат само празни зборови. 

Највеќе ќе научиш од оние кои се соочиле со неволји и вистински проблеми, кои со крената глава успеале да ги победат сите болки во животот и да најдат светло на крајот на тунелот. Ќе научите од оние кои можат да прочитаат од вашето лице, да видат дека ве боли, дека ви треба совет или рамо за поддршка. Ќе научите и од оние кои ќе молчат со вас додека минувате низ најголемата болка, а ќе ве прегрнат силно кога ќе заплачете.

Потребни ви се луѓе кои ќе ве сакаат онакви какви што сте, кои ќе се спуштат на дното со вас, кои ќе ракоплескаат и ќе се насмевнат кога победувате. Потребни ви се оние кои не се умислени и кои не мислат дека се премногу важни и незаменливи. 

Повеќе од тоа не можете да добиете.