Ништо не е посилно од мајката која останала сама...

Ништо не е посилно од мајка која останува сама. Мајка која мора да биде и татко и мајка, советник, докторка, механичар, мајстор, учителка и банкомат (и за бакнежи, но и за пари). Ништо не е посилно од жена која останува сама да се бори во борба против ветерници. Со совети кои летаат од сите страни, особено кога не ѝ се потребни. Кога ќе направи некоја грешка, па тогаш сите имаат нешто да кажат. Сите тие подобри би ги воспитувале нејзините деца, до моментот кога навистина ќе ѝ биде потребна помош, а сите тие „душегрижници“ одеднаш ќе исчезнат. И таа нема на кого да се потпре и да си ја одмори душата. 

Во тие моменти добива сила само од молитвите. Ништо не е поголемо од мајката која останува сама, сама со своите мали светови против целиот свет. Светот кој коментира, се меша, лаже, превртува без нималку срам и страв од Бога и иднината. Нејзините рамена уморни од борбата, нејзиното насмеано лице и среќа дури и на најмалиот успех и чекор на своето дете. Душата ѝ е исполнета со секоја прегратка и бакнеж после секојдневната борба и улога на татко, мајка, механичар, советник, сѐ... Ништо не е посилно од жената која останува сама. 

Сама на Божиќ, Велигден, родендени, годишници, свадби, кога нејзината самотија најмногу доаѓа до израз. Од моментот кога останала сама, таа сама се бори со бубачките на нејзините деца, нивните проблеми, но и со сметките, расипаните работи, банките, машините за перење, автомобилските делови и водоводните цевки. Таа со текот на годините сѐ сама учи и ниту еден проблем не може да ја скрши. Тие само ја зацврстуваат и затоа нема посилно нешто од жените кои останале сами. Нивните лица се уморни, но истовремено и полни со грижа и љубов. Преполни со разбирање и смиреност. Мајката на крајот на сите борби секогаш е онаа жена која е најнежна и најгрижлива. Таа жената која најсилно бакнува. 

И таа е сѐ. И татко и брат и пријател. И возач и докторка и советник. Банкомат и слушателка. Критичарка и мотиватор. Учителка и чистачка. Управителка со финансии и автомеханичар. А најмногу од сѐ е жена од која најмногу учиш. Инспирација и пример. Најсилно нешто на светот се мајките кои останале сами затоа што во нив има доволно љубов што е невозможно да ти недостасува нечија друга љубов.