Никогаш не се изневерувајте себеси

Останете доследни. 

Дури и кога ви нудат трошки, не се задоволувајте со помалку од тоа што го заслужувате. 

Останете верни на себе.  Дури и кога ви продаваат лажни приказни и ве уверуваат дека така треба да биде. Почитувајте се себеси. Дури и кога мислите дека не ве почитуваат. Не се предавајте. Никогаш. Никому. 

Нека ве води вашето чувство на вредности и спознавање. Вашата замисла за тоа што е правилно. И не дозволувајте да ве спуштат на нивно ниво кое е полно со површност и медиокритет, само затоа што тие така живеат. Верувајте во своите животни вредности. Дури и кога сите околу вас ви велат дека е невозможно. Сѐ е возможно. Не си ги спуштајте критериумите само затоа што некои други го направиле тоа. Тоа се нивните искуства, нивниот живот. Не значи дека тоа треба да биде и вашето искуство.

Не се изневерувајте себеси. И така ќе се одлепите од многумина кои сега се околу вас. Не со лоша намера, но патиштата ќе ви се разделат. Можеби и неповратно. Но, не и залудно. Сепак вие сте си подариле прекрасни лекции и моменти и тоа не може да биде залудно.

Но, сега е време за чекор понатаму. И на тој пат многумина ќе останат зад вас, а некои нови ќе ви се придружат. Оние кои треба да бидат токму таму и токму тогаш за да бидат покрај вас во следното патување. 

Затоа, препуштете се. Ослободете се. И со радост дочекувајте ги новите животни етапи. И не се задоволувајте со помалку од она што го заслужувате. Никогаш повеќе.