Ние сме навистина себични...

Ние луѓето сме навистина себични. Ни недостасува она што највеќе треба да го имаме, а тоа е сочувство. Погледнете само колку сме самобендисани. Кога последен пат размислувавме за некој друг и за тоа како се чувствува некој поради нас?

Кога последен пат застанавме, се сопревме себеси и едноставно оставивме другата страна да збори, а ние да ја слушаме? Да слушнеме што има да каже. Кога последен пат бевте покрај некого само за да им дадете рамо за плачење, отворено срце... 

Кога последен пат се обидовте да разберете како другите се чувствуваат, какви чувства имаат во себе? И да разберете дека секој има право да се чувствува поинаку и дека тоа е океј. Без да осудувате некого и целосно да го прифатите.

Дали постои момент во кој сме се погледнале во очи и искрено пред себеси да си ја признаеме себичноста? Се преправаме. Нудиме сѐ и сешто, а кога треба, не сме способни да го понудиме ни најосновното. Емпатија кон друг човек и неговите чувства. Навистина сме себични.

Дали некогаш се запрашувате зошто некој е тажен и дали вашите зборови некому нанеле штета?

Или постојано одите низ животот без да размислите за сопствената себичност?

Разбудете се!