Ние самите сме одговорни и за сопствената среќа и за сопствената тага...

Искреноста е најдобрата опција, затоа дојде време да бидете сурово искрени кон себеси и да се соочите со проблемите кои ве опкружуваат. Можеби тие се само во вашата глава и се само последица од заблудите кои самите ги создавате. 

Понекогаш е најтешко да се биде искрен. Многу е полесно да се препуштиме на лаги и да се убедуване себеси дека не успеване поради другите, а не затоа што не сме доволно храбри за да се обидеме. Сите понекогаш се самозалажуваме. Време е да се тргнете од лоши мисли, а во замена ќе добиете посреќен и поисполнет живот. Ослободете се од овие заблуди!

Јас сум жртва на минатото

Дали некој настан од минатото навистина оставил толкава трага на вас или само барате изговор да не излезете од удобната зона? Главното прашање е: Каква врска има тоа со сегашноста? Што и да се случило, тоа не значи дека цел живот треба да останеме несреќни поради тоа. Не е добро да се бара причината за неуспех во некоја мината стресна ситуација. Јасно е дека некои работи можат да го променат човекот, но тие не можат да бидат вечен изговор. Оставете го минатото зад себеси. Животот се одвива во овој момент, па однесувајте се така. 

Предоцна е сега да почнувам

Само сетете се на изреката: „Подобро некогаш отколку никогаш“. Ако сите се воделе според мислата дека се престари за да почнат, светот никогаш не би здогледал некои од најголемите дела. Дали сте знаеле дека Леонардо да Винчи ја насликал „Мона Лиза“ на 51 година?

„Кога би го имал/а тоа, би бил/а среќна“

Среќата не зависи од материјални работи, ние ја создаваме среќата. Таа е производ од нашите одлуки, а не околностите. Голема е заблудата дека материјалните работи создаваат среќа и многумина живеат со таа заблуда. Секој ден треба да се живее со полни гради, без оглед на тоа што имаме. 

Има време

Оваа реченица има уништено многу соништа. Почнете уште од денес, уште од овој момент. Иако ви се чини дека годините и деновите се пред вас, тоа е далеку од вистината. Времето лета, а со вакво размислување, еден ден ќе се разбудите, ќе погледнете зад себеси и нема да имате ништо со кое би се гордееле. Никој од нас не знае колку време има на оваа планета, направете го секој ден посебен и вреден. 

Не сум доволно добар

Додека не се обидеме, не ни знаеме колку можеме и колку сме способни за некоја работа. Предизвикувајте се себеси и излезете од удобната зона. Треба да се експериментира во животот и да се пробуваат нови работи.